DutchEnglishMacedonianPools

Boekestijn Fashion Logistics

Како производител на ексклузивни модни производи, вие најверојатно сакате да се фокусирате исклучиво на дизајнирање и продавање на облека. Од таа причина Boekestijn Fashion Logistics одлучи да се специјализира за логистика во областа на модата. Ние самостојно, независно и целосно ја преземаме грижата за вашите производи и нивното движење. Вас веќе нема што да ве загрижува.

 

Нова канцеларија во Република Македонија

Од март 2009 година, Boekestijn Fashion Logistics отвори своја канцеларија во Штип, Македонија. Освен канцеларија, Boekestijn Fashion Logistics има и сопствен магацински простор.

Градот Штип е македонски град на текстилот. Ваквото проширување, на Boekestijn Fashion Logistics му овозможува своите клиенти да ги опслужува уште подобро.

Нашиот тим од локални и искусни луѓе е местото за дистрибуција кое во Македонија постои вистински и физички.

Фактот дека Boekestijn Fashion Logistics нуди и магацински простор, ни дава можност да одговориме на специфичните потреби на своите клиенти со уште поголема флексибилност, затоа што ја подобрува нашата способност да испорачуваме добро, брзо и безбедно до сите потребни дестинации.

 

Услуги

Неколку примери за услугите што ги нудиме:

  • Ние ги средуваме сите царински формалности што се поврзани со увозот, извозот и привремениот увоз.
  • Доколку има потреба ние го средуваме складирањето на ткаенини и прибор за шиење.
  • Ние се справуваме и менаџираме со етикетирањето и набавувањето. Ова на клиентот му овозможува во секое време да има точен увид за своите производи.
  • Ние го организираме земањето на нарачката. Нашите луѓе што го прават тоа ја имаат потребната опрема и знаење и тие се обучени за мерење и сечење на ткаенините.
  • Ние ги транспортираме правите ткаенини и прибор за шиење до постоечките работилници во Источна Европа.
  • Ние до клиентот го испорачуваме крајниот производ - на време и во беспрекорна состојба.

За сите наши услуги можете да се информирате на оваа веб страница. Имате други дополнителни прашања? Слободно стапете во контакт со нас. Ќе ни биде задоволство да ви одговориме.

Контакт

Boekestijn Fashion Logistics

Општи информации
info@boekestijntransport.nl
+31 (0) 485 454900

Магацин и планирање на транспорт
oost@boekestijntransport.nl

Агент за царина
douane@boekestijntransport.nl

Администрација
administratie@boekestijntransport.nl

> CompuBase